Фабрицио Романо, можеби најсигурниот извор во фудбалскиот свет, ја објави големата вест: “Меси доби порака да биде во Париз во понеделник навечер и да подготви свечен костум. Знаете што значи тоа. Дека сигурно ја освоил Златната топка по осми пат. Сè укажува на тоа”.
Златната топка повеќе не се доделува за тековната, туку за претходната сезона. Така, главни фаворити за негово освојување се Лионел Меси (36), кој ја предводеше Аргентина до светската титула и Ерлинг Халанд кој со 52 гола го предводеше Манчестер Сити до тројната круна, вклучувајќи го и најважниот прв трофеј во Лигата на шампионите.
Меси ќе го наследи минатогодишниот лауреат Карим Бензема и далеку зад себе ќе го остави својот единствен конкурент Кристијано Роналдо (38) кој има пет Златни топки.