Французите суспендираа фудбалер на 7 меча поради антисемитизам

285

Француската фудбалска лига го суспендира дефанзивецот на Ница, Јусеф Атала на седум натпревари поради објасување антисемитски пораки на социјалните мрежи. Ница го казни својот фудбалер минатата недела, а играчот се извини поради својот потег.

По истрагата на Етичкиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Франција, француската лига покрена дисциплинска постапка и го суспендира. Атал е обвинет за „бранење на тероризмот“ со делење на пораки на интернет. Тој е под истрага и поради „јавно поттикнување на омраза или насилство кон одредена религија“.

Алжирецот го избришал и видеото во кое палестински свештеник дава антисемитска објава и јавно се извини за постапката, а исто така ги осуди сите облици на насилство без разлика на кој дел од светот.

ПретходноНа Монпеље му одземаа бод, плус се степаа тренерот и играч
СледноЗагреб водеше цел меч, па на крајот загуби од Пик Сегед