Финансиски проблематичната Барселона ќе заработува со продажба на разни предмети од стадионот „Камп Ноу“. Во моментов се реновира домот на шпанскиот шампион, поради што тимот во моментов своите мечеви ги игра на стадионот на лутиор гратски ривал Еспањол, стадионот Монжуик.
Каталонците најавија продажба на седиштата на претходниот стадион, како и други интересни предмети. Цените за редовно седиште започнуваат од 99 евра, а секој што бил носител на сезонски билет ќе има можност да го откупи сопственото место на кое седеле низ годините.
Навивачите може да купуваат и дел од тревата на Ноу Камп.