Ракометарите на Загреб го претрпеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето кај Пик Сегед беа минимално поразени со 27:26. Ова е прв пораз на загрепчани по серијата од три меча во кои имаа две победи и едно реми.
Интересно е што Загреб имаше предност во скоро целиот меч, но доволија во завршницата унгарскиот тим да се врати во игра и да победи.
Степанчиќ, Гарсиандиа и Соарес со по четири постигнати гола беа најефикасни кај Пик Сегед, додека кај екипата на Загреб најефикасен беше Србинот Кос со 5 гола.