Премиер лигата препорача жестока казна за Евертон поради прекршување на правилата за Финанскиски фер-плеј. Тие предлагаат одземање на 12 бодови во случај да бидат виновни, пренесува „Телеграф“. Сослушувањето на раководните луѓе на Евертон веќе започнало во тајност на кое ќе треба да ја пренесат финансиската ситуација.
На тоа се смее поранешниот играч на Ливерпул и екс-англиски репрезентативец Џејми Карагер.
„ПЛ сака да му одземе 12 бодови на Евертон за еден прекршок! Ако тоа го направи, тогаш Манчестер Сити треба да игра во Петтата англиска лига. Неверојатно е како се фатија за Евертон, а се тивки во случајот со Манчестер Сити, кој има 114 и повеќе прекршоци“, напишал Карагер на социјалните мрежи.
Во меѓувреме, Манчестер Сити се соочува со голем број обвиненија поврзани со финансиски информации во врска со приходите, деталите за наградата на менаџерот и играчите, регулативите на УЕФА, профитабилноста и одржливоста и соработката со истрагите од Премиер лигата.
Откако веста се појави во февруари, во соопштението од лигата се вели дека наводните прекршувања биле извршени од септември 2009 година до сезоната 2017-18, при што независна комисија е подготвена да го преземе случајот понатаму. Сепак, може да бидат потребни години за Комисијата да дојде до заклучок.