Кошаркарите на Реал славеа во дербито од 5. коло од Евролигата против Барселона со 65:64 во исклучително возбудлива завршница на средбата.
Реал со оваа победа останаа 100% во овој дел од сезоната, додека Барселона беше поразена за првпат оваа сезона.
На полувремето беше 30:28 за Каталонците, а Реал влезе со 51:41 во последните десет минути.
Мадриѓаните иако во еден момент имаа +14, дозволија Барселона да ги претекне и да израмни на 59:59. На 15 секунди до крајот во пенал-рулетот, Факундо Кампако ги погоди сите три од линијата за фрлање за 62:59, а на другата страна погоди и Томаш Саторански, 62:60.
Веднаш играчите на Барселона направија прекршок, повторно на линија беше Кампацо, но овојпат погоди еден, 63:60. Саторански потоа беше фаулиран на 4,7 секунди до крајот, доби три фрлања, но Сатарански го промаши првото фрлање. Потоа погоди во второто и повторно промаши во третото.
Хезоња беше фаулиран на 63:61 на 3,5 секунди до крајот, по што Реал славеше. Габриел Дек со 20 и Винсент Поаре со 14 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Вили Ернангомез постигна 13, а Јан Весели 12 за Барселона.