Крстајиќ не е повеќе селектор на Бугарија

235

Со одлука на управиот одбор на Фудбалската Федерација на Бугарија, Младен Крстајиќ повеќе не е селектор. Досегашниот кормилар на репрезентацијата на Бугарија, е отпуштен откако е разгледана ситуацијата и сумирани досегашните резултати.

„По резултатите што ги постигна репрезентацијата во изминатиот период, едногласна беше одлука да се ослободи Младен Крстајиќ. Тоа беше следствено на она што му претходеше. Преговараме со нов селектор, на завршна фаза сме, но немаме конечна одлука  и се уште и не можеме да ја соопштиме – рече Георги Иванов по повод одлуката за смена на Крстајиќ 

 

ПретходноДавидовски со најголем успех досега, ќе продолжи да испишува историја
СледноАлкараз ги израдува своите фанови