Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски инсистирал да игра в недела на „Ел Класико“ против Реал (М), иако не е заздравен од повредата. Каталонскиот тим ќе му гостува на Реал Мадрид во 11. коло од Ла Лига во сабота на 28 октомври.
Според каталонски „Спорт“, полскиот напаѓач може да излезе на терен иако се уште не е целосно опоравен од повредата на скочниот зглоб, доколку лекарите дадат „зелено свелто“ по последната проверка в сабота.
Левандовски и утре треба да оди на прегледи по утрешниот тренинг. Напаѓачот ќе работи под поголем обем на работа, а доколку не се појават проблеми, тогаш најверојатно ќе биде вклучен во составот, но сигурно нема да биде стартер и според прогнозите би добил најмногу 20 минути на теренот.