И Барселона го запиша првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант на домашен терен беше надигран од Веспрем, кој славеше со во шестото коло во европското клупско натпреварување.
По првото полувреме кое мина со промени на водството, Веспрем на одморот успеа да отиде со предност од 17-19, а потоа во вториот дел целосно да ја превземе контролата на резултатот, во еден момент унгарскиот тим водеше и со 27-34 и 28-35.
На другата страна Барселона се ободуваше да се врати на мечот, но едноставно денеска не беше нејзин ден.
Порто на крилата на Никола Митревски успеа да се врати од негатива од седум гола (14-21) против ГОГ и на крајот да слави со 32-31 за трета победа оваа сезона во групата Б . Сето ова благодарение на македонскиот репрезентативен голман, кој мечот го заврши со 13 интервенции, 11 од нив во второто полувреме кое неговиот тим го доби со 17-10. Митревски на крајот имаше 56% успешност.
Во истата група дуелот не последнопласираните екипи и припадна на Висла која славеше со 30-25.
Што се однесува до последниот меч од групата А на Пелистер, ПСЖ на Раул Гонзалез на домашен терен беше поразен од Кил со 28-34.