Фудбалскиот клуб Ал Кадисија му врачи отказ на тренерот Роби Фаулер и тоа само четири месеци откако беше назначен за тренер на овој тим. Тимот нема пораз во првенството забележа шест победи и две ремија. Тимот е на чело на табелата во Втората лига на Саудиска Арабија, а Фаулер ја доби наградата за најдобар тренер за септември.
Па ова е изненадувачки потег на раководните луѓе кои одлучија довербата на тренерската клуб да му ја доделат на шпанскиот тренер Мичел, кој е поранешен стратег на Олимпијакос, Марсеј, Севиља, Малага.