Познат епилогот од прекинатиот фудбалски меч помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос кој се одигра минатата недела во рамките на грчката Супер лига. Бекот Хуанкар беше погоден со петарда додека се загреваше и по укажаната лекарска помош на теренот беше префрлен во болница.
Судијата го прекина мечот во 50 минута при резултат 1:1.
Панатинаикос го доби мечот на зелена маса со 3:0, а на Олимпијакос ќе му биде одземен бод поради нередите кои ги предизвикаа навивачите. Освен тоа овој тим два првенствени меча на домашен терен ќе игра зад затворени врати.