Тотенхем не застанува, совладан и Кристал Палас

158

Очигледно дека тимот на Тотенхем е решен сезонава да биде кандидат за титула во Премиер лигата. Клубот од Лондон е лидер во моментов и очигледно планира да остане со тој епитет уште долго.
Овојпат во градењето на тој статус помогна победата на гостински терен кај Кристал Палас од конечни 1:2, која лидерот во Англија ја извојува со автоголот на Ворд во 53. минута, и голот на Сон подоцна во вториот дел.

Ова беше доволно да се стигне до нови три бода и да се продолжи сонот за титулата иако на крајот домашните преку Ајев намалија на 1:2.

 

 

ПретходноЏенова со триумф бега од дното
СледноХерера го продолжи сонот на Џирона