Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го сподели своето мислење за Манчестер Јунајтед во пресрет на директниот дуел во англиската Премиер лига во недела попладне.
„Тие се секогаш опасни. Не е важно кој им е тренер, а сум видел неколку од нив, тие се секогаш тешки конкуренти кои имаат карактер и енергија. Можеби нема да бидат во најдобар состав, но се опасни. Го знаеме нивното ниво и не ги потценуваме“, изјави Гвардиола кој се потсети на претходните гостувања на „Олд Трафорд“.
„Кога ги тренирав Барселона и Баерн и доаѓавме да играме во Англија на Олд Трафорд, секогаш беше нешто посебно. Но, на крајот на денот, тоа е само фудбалски натпревар, а не како финале на ФА Купот или еден од последните натпревари во сезоната, каде победата или поразот може да одредат дали тимот ќе го освои англискиот шампионат или не. Имаме уште 87 бода за играње, па мораме да бидеме фокусирани на тоа што треба да направиме за да ги победиме“, изјави Гвардиола, цитиран од „Манчестер Ивнинг њуз“.