Ел Гази ја поддржа Палестина, Маинц веднаш му врачи отказ

687

Откако пред само месец и пол, Анвар Ел Гази стана дел од тимот на Маинц, сега тој ќе мора да си замине од таму. Причина за тоа е одлуката на водството на клубот тој да си замине поради отворената поддршка на Палестина по најновите настани во тој дел од светот.

На социјалните мрежи Ел Гази објави цели стихови, кои очигледно не им се допаднаа на водечките луѓе на клубот, па истите и реагираа.

Холанѓанецот се надеваше на нов почеток во кариерата во Маинц, откако си замина од ПСВ, но очигледно дека тоа не се случи.

 

ПретходноНајдобриот слалом скијач се пензионира на 23 години
СледноМаинц извлече бод кај Бохум