Заигра ли секунда на “Ел Класико“, тогаш Модриќ ќе влезе во историјата на Реал Мадрид!

2976

Утре попладне се игра “Ел Класико“, најголемиот клупски натпревар во светот во кој се среќаваат Барселона и Реал Мадрид.

Утре легендарниот Лука Модриќ, ако заигра барем секунда на овој голем меч, тогаш ќе влезе во историјата на „Ел Класико“ од страна на Реал Мадрид.

Имено ова ќе му биде 500-ти меч за “кралевите“ и ако одигра барем секуднда ќе биде најстариот фудбалер на Реал кој заиграл против Барселона.

Засега рекордер е некогашниот голман Пако Бујо, кој во сезоната 1995/96 со 38 години и 38 денови настапи против Барса, додека Модриќ утре ќе има 38 години и 47 денови.

ПретходноФФМ во пилот – проект на УЕФА за размена на искуства и знаења од областа на клупското лиценцирање
СледноМитревски е најдобар голман на колото и е во идеалниот тим на 6.коло во ЛШ!