Ова лето Барселона од Атлетико Паранаенсе го купи 18-годишниот напаѓач Витор Роке, за кој многумина сметаат дека ќе биде новиот фудбалски бисер на „кариоките“. Сепак, двата клуба се договорија трансферот да биде реализиран дури во летото 2024 година, а Роке да остане во Атлетико Паранензе уште цела сезона.
Но сега Барселона се обидува сепак да го добие Бразилецот пред планираниот договор. Тренерот на Каталонците, Чави, во интервју изјавил дека постојано е во контакт со младиот фудбалер и се договориле тој уште во јануари да се пресели во Шпанија.
„Ми изгледа подготвен да дојде. Тој е зрел и ментално силен, а се надеваме дека ќе го видиме кај нас во јануари“, вели тренерот на Барселона.
Витор Роке веќе има 78 настапи и 27 гола за Атлетико Паранаенсе во својата досегашна кариера.