Како што денеска информираат од страна на надлежните во КФСМ, КК Охрид е санкциониран со вкупно 62.000 денари поради се она што се случуваше на средбата со Гостивар во последното коло на нашата кошаркарска елитна лига.
Имено најголем дел од казните се поради неспортското однесување на навивачите на КК Охрид, и тоа поради плукање од страна на навивачите врз службени лица, потоа фрлање на тврди предмети, неспортско навивање. Додека само 6.000 денари отпаѓаат на неисправни технички уреди и техничката грешка на кошаркарот на КК Охрид, Кимброу.
Исто така официјализирани се и казнети на Декоси (Работнички) како и на Работнички и МЗТ Скопје од саботното мега – дерби на Кале, нешто за што уште вчера информиравме.