Македонија со шест каратисти на ЕП во традиционално карате во Словенија

69

Македонската репрезентација во традиционално карате од 27 до 30 октомври 2023 година ќе учествува на 36. ЕТКФ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ во традиционално карате во Ново Место, Словенија.

За Македонија ќе настапат Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Георги Кокорманов, Софија Јарчевска и Максим Поп Трпев. Натпреварите ќе се одржат во сите возрасни категории во поединечна и екипна конкуренција.

Нашата репрезентација ја предводи Дејан Недев, а на шампионатот ќе учествуваат над 600 каратисти од 24 земји од цела Европа.

ПретходноФантастичниот Митревски во ТОП-5 одбрани на колото во ЛШ, тука е и Гедбан! (ВИДЕО)
СледноЦел свет му се смее: Епско промашување на напаѓачот од 100 милиони евра!