По речиси 11 месеци пауза, Мануел Ноер, иконата на Баерн Минхен утре против Дармштад во меч од редовното коло на Бундеслигата, ќе застане меѓу стативите на баварците.
Ова го потврди и тренерот Томас Тухел.
“Планираме на утрешниот меч против Дармштад на нашиот гол да биде Мануел Ноер, само да не се случи нешто неочекувано во последен момент“ посочи Тухел.
Инаку Ноер во декември минатата година на скијање заработи тешка повреда на ногата, скршеница, па мораше прво биде подвргнат на операција а потоа и на долга рехабилитација.
Секако дека ова е добра вест како за сите во Баерн Минхен, така и за селекторот на селекцијата на Германија, Јулиан Нагелсман.