Наполи одлучи да му понуди нов договор на нашиот репрезенттаивец Елиф Елмас, за да ги одбие нападите од другите големи европски клубови кои сакаат да го видат нашиот дијамант во своите редови следната сезона. Како што објави новинарот Фабио Мандарини, Наполи се обидел да почне разговори за обновување на договорот со Елмас, кој моментално има договор кој истекува во 2025 година. Меѓу двата најзаинтересирани клубови за Елмас во моментов се Ливерпул и Лајпциг.
Мандарини изрази изненадување што Елмас имаше мала минутажа во текот на сезоната и покрај тоа што секогаш беше еден од најдобрите во националниот тим. Тој, исто така, шпекулира дека Елмас нема веднаш да одговори на понудата за продолжување на договорот и ќе си земе време пред да донесе одлука.