Пораз од Косово: Без Андонова толку е, најслаби меѓу најслабите! (ФОТО)

657

 

Женската репрезентација на Македонија попладнево на тренинг центарот “Петар Милошевски“ во Скопје, беше поразена со 0:2 од селекцијата на Косово. Ова беше втор натпревар за нашите фудбалерки во Лигата на Нации во сегментот – Ц во групата 5, и вториот на домашен терен. Ако пред извесно време Бугарките славеа со 0:1, денеска тоа го сторија гостинките од Косово.

Стрелци на головите за победничката селекција беа Лимани во 21.минута и Халилај во 41.минута.

Следуваат две гостувања за Македонија, во Косово и Бугарија.

Слабо издание на нашата селекција, Косово беше подобар противник и заслужено победи. Македонија имаше шанси, посебно на Рочи во 89.минута, но недоволно за ништио друго освен за пораз. Треба да се каже дека игравме без Наташа Андонова.

Табелата кажува дека ние сме најслаби меѓу најслабите.

Инаку нашата репрезентацијата овој натпревар го започна со следниот состав: Лековска, Петкова, Милчевска, Коларовска, Ефтинџиовска, Велкова, Мустафа, Шемсовиќ, Рочи, Максути.

Играа уште и: Милекска, Петрушевска, Салихи.

ТАБЕЛА

1.Косово 4

2.Бугарија 4

3.Македонија 0

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМинатата година ја скрши ногата, утре ќе застане на голот на Баерн Минхен!
СледноКК Охрид е казнет со 62.000 денари!