Работнички – Шкупи во четвртфиналето на Купот

641

Познати се двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија. Најинтересниот меч е оној помеѓу Работнички и Шкупи. Бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе се соочи со Силекс.

И „лавовите“ и кратовци се трикратни освојувачи на трофејот, а меѓу себе играа и во финалето во 2022 година.

Натпреварите ќе се одиграат на 8 ноември 2023 година со почеток од 13:00 часот.

Натпреварите од полуфиналето се на програмата на 3 април 2024 година (прв меч) и на 17 април (реванш).

ПАРОВИ ЗА ¼ ФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА
ТИКВЕШ – А.П. БРЕРА

ПретходноПроблем со сертификатите: ЦЕВ не ги регистрира странците во составот на Струмица!
СледноНеочекувано – Ал Кадисија отпушти Роби Фаулер и го донесе Мичел