Слободниот трансфер на Турам го чинеше Интер 8 милиони евра!

384

Фудбалскиот клуб Интер ова лето во своите редови како слободен играч успеа да го донесе францускиот голгетер Турам, но неговиот трансфер не беше навистина бесплатен. Како што откриваат италијански извори од клубот, „нероаѕурите“ во сите напори да го убедат Турам да дојде во Милан платиле сума од 8 милиони евра за менаџерите и посредниците кои работеле на договарањето на трансферот.

Раководството на Интер ја платило оваа сума за менаџерите и посредниците на играчите, бидејќи Турам како прва опција за заминување го имал ПСЖ. Подоцна во трката за него се вклучи и Милан, па Интер морал да ја зголеми сумата за „убедување“, која достигнала 8 милиони евра.

Турам оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.

ПретходноВајлдер го предизвика Џошуа да ја прифати борбата во Лас Вегас следната година
СледноБузалковски со бронзен медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат