Без странските засилувања кои денеска не добија сертификати од ЦЕВ за настап во квалификациите за Лигата на шампионите, Струмица не успеа да му зададе посилен отпор на првиот фаворит во групата „1“ од квалификациите во најсилното европско клупско натпреварување. Со комплетно домашен ростер со млади и неискусни одбојкари, Струмица се обиде во трите сета достојно да му парира на бугарскиот првак, но домаќините славеа со 3:0 (25:13, 25:11, 25:15).
Избраниците на Кире Ричлиев одиграа според можностите, а Нефтохимик очекувано ја запиша првата победа. Најдобар поентер кај домашните беше Мурад Хан со 18 поени, додека кај Струмица се извоија Владо Милев со 9 и Глобоцки со 5 поени.
Утре струмичани за противник ќе ја имаат Будва, која денеска во првата рунда со 3:1 беше поразена од екипата на Фино Капошвар.
ЦЕВ ЛИГА НА ШАМПИОНИ – КВАЛИФИКАЦИИ
ТУРНИР „1“ – Бургас, Бугарија
1 КОЛО
Будва – Фино Капошвар 1:3 (18:26, 28:26, 18:25, 14:25)
19.00 Нефтохимик – Струмица 3:0 (25:13, 25:11, 25:15)
2 КОЛО (САБОТА)
16.30 Будва – Струмица
19.00 Нефтохимик – Фино Капошвар
3 КОЛО (НЕДЕЛА)
16.30 Струмица – Фино Капошвар
19.00 Нефтохимик – Будва