Тен Хаг за престојното дерби со Сити: Ќе најдеме начин да победиме

362

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг верува дека тимот се движи во вистинска насока и верува дека може да го победи градскиот ривал Сити престојниот викенд.

Ние сме тим кој тешко се победува. Ќе најдеме начин да го совладаме Сити. Мислам дека се движиме во вистински правец.  Овој натпревар е многу важен. Се работи за дербито на Манчестер и ќе го привлече вниманието на целиот свет“, изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот ги кажа добрите и лошите страни на тимот.

Не секогаш ја контролирајте топката на соодветно ниво. Нашиот тим е доста добар во пресинг, лидери сме во Премиер лигата во однос на освојување на топката.

Но, не ја користиме предноста во преодните фази на нападот, но треба затоа што сме способни за такво нешто. Треба да напредуваме и натпреварите ќе станат полесни“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

 

ПретходноТиквеш убедлив против Аеродром
СледноСтрумица немоќна само со домашни сили: Нефтохимик славеше во три сета