Цел свет му се смее: Епско промашување на напаѓачот од 100 милиони евра!

1926

Дарвин Нуњез веќе втора сезона е во Ливерпул, клуб кој за Уругваецот плати речиси 100 милиони евра ако ги сметаме и бонусите. Напаѓач кој требаше да ја “тресе“ Премиерлигата, но Дарвин не покажа којзнае што. Иако постигнуваше голови, иако Клоп му дава поддршка, сепак тој знае да промаши и нешто што не се промашува, како на вчерашниот меч меѓу неговиот Ливерпул и Тулузу, и тоа пред голот кај што се наоѓа „КОП“, фамозната трибина на најверните фанови на “Редси“.

Во еден момент тој се најде пред гостинскиот голман, го мина и место да ја пласира топката во прзната мрежа, Дарвин ја погоди стативата. Среќа за него таа топка Гравенберх ја смести во мрежата на Тулуз.

Но сите на „Енфилд“ останаа стаписани како напаѓач од 100 милиони евра може ова да го промаши.

Денеска му се смее и цел свет на неговото епско промашување.

ПретходноМакедонија со шест каратисти на ЕП во традиционално карате во Словенија
СледноФФМ во пилот – проект на УЕФА за размена на искуства и знаења од областа на клупското лиценцирање