Екипата на РК Пролет со 19:22 исвојува триумф на гостувањето кај Прилеп и на тој начин направи уште еден чекор кон она што се вели пласман во плеј офот сезонава
По смената на тренерското столче и доаѓањето на искусниот Темелковски, Пролет заигра квалитетно пред се во одбраната што се гледа и по малиот број на примени голови.
Пецаковски беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, пет постигна капитенот Андоновски, а четири Николовски. Кај Прилеп најефикасен на натпреварот беше Владан Кастратовиќ со осум погодоци.