Женската селекција на Македонија денеска на мегдан со Косово!

83

Денеска од 13 часот на тренинг центарот “Петар Миошевски“ во Скопје, нашата најдобра женска фудбалска репрезентација, ќе го одигра својот втор меч во Лигата на Нации, сегмент – Ц во групата 5. Ривал на избраничките на селекторот Кирил Изов ќе биде селекцијата на Косово. По поразот од Бугарија дома, и тоа со 0:1, на првиот меч, секако дека сега императивот е победа. Желбата се да се освојат првите три бода во ова натпреварување, во оваа група.

Веќе во вторник и гостуваме на истата селекција, а во последниот меч од групата, Македонија ќе и гостува на селекцијата на Бугарија.

Моментално во групата прва е Бугарија со 4 бода, втора е селекцијата на Косово со еден бод и последна Македонија без бодови.

ПретходноСтрумица против Нефтохимик Бургас вечерва стартува во ЦЕВ Лигата на шампионите
СледноБраво Бојан: Вака Македонецот ги шекна Грците со македонски поздрав! (ФОТО)