Машката кадетска репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“, откако го загуби дуелот со Романија со 28-23. На полувреме резултатот гласеше 13-12 во корист на македонскиот тим, во второто полувреме некаде околу 40-тата минута домашниот тим влезе во ритам и стигна до предност и на крајот славеше победа.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Самоил Ристевски, кој постигна седум погодоци, втор стрелец беше Јован Петрески со шест гола. Голманот Трајковски имаше 12 интервенции.
Да потсетиме дека Македонија во првото коло на турнирот загуби убедливо од Египет. Следниот меч на кадетите е против Црна Гора.
Кадетите на Македонија во јануари ќе ги играат квалификациите за пласман на кадетскиот континентален собир 2024.