Кошаркарите на Милвоки ја победија Филаделфија со 118:117 во својот прв меч од новата сезона во НБА лигата. Новото засилување Демјан Лилард во своето официјално деби за Бакс постигна 39 поени и имаше осум скока и четири асистенции. Лилард ги постигна последните 11 поени за тимот за прва сезонска победа.
Центарот Јанис Адетокунбо придонесе за победата со 23 поени и 13 скока и стана играч со најмногу кошеви од поле за Бакс – 5.905, пред Карим Абдул-Џабар, кој постигна 5.902. Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Тајрис Макси со 31 поен, но го немаше Џејмс Харден, кој побара трампа во текот на летото и не дојде на време да се подготви за новата сезона.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 100:95. Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис со 30 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со 21 поен, девет асистенции и осум скока. Во тимот на Феникс најефикасен беше Кевин Дурент со 39 поени и 11 скока, но на паркетот ги немаше повредените Девин Букер и Бредли Бил.