Маинц извлече бод кај Бохум

58

Со конечни 2:2 заврши премиерниот дуел од новото Бундес коло викендов. Тимот на Маинц со гол во последните секунди успеа да освои бод на гостувањето кај Бохум и на тој начин донекаде да си ја поправи очајната ситуација сезонава.

Домашните поведоа преку Стогер од пенал во 21. минута, а израмни Маинц со автоголот на Шлотерберг.

Домаќинот повторно се понадева на победа со голот токму на Шлотерберг, кој се „извади“ за грешката, но на крајот, во шестата минута од продолжението, Краус со одмерен удар, но и со помош на еден од домашните играчи кого топката го удри во нога израмни и ги постави конечните 2:2.

 

ПретходноЕл Гази ја поддржа Палестина, Маинц веднаш му врачи отказ
СледноЏенова со триумф бега од дното