Неочекувано – Ал Кадисија отпушти Роби Фаулер и го донесе Мичел

206

Фудбалскиот клуб Ал Кадисија му врачи отказ на тренерот Роби Фаулер и тоа само четири месеци откако беше назначен за тренер на овој тим. Тимот нема пораз во првенството забележа шест победи и две ремија. Тимот е на чело на табелата во Втората лига на Саудиска Арабија, а Фаулер ја доби наградата за најдобар тренер за септември.

Па ова е изненадувачки потег на раководните луѓе кои одлучија довербата на тренерската клуб да му ја доделат на шпанскиот тренер Мичел, кој е поранешен стратег на Олимпијакос, Марсеј, Севиља, Малага.

 

ПретходноРаботнички – Шкупи во четвртфиналето на Купот
СледноНеверојатно: Автобусот на Дортмунд доби билет поради погрешно паркирање во Њукасл! (ВИДЕО)