Проблеми за Партизан, се повреди капитенот Пантер

301

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по вчерашната драматичн апобеда над Црвена Звезда во градското дерби во рамките на Евролигата, изјави дека капитенот на тимот Кевин Пантер е повреден и дека денеска ќе оди на магнетна резонанца. Ден по големата победа на Партизан против Црвена Звезда, „црно-белите“ ќе чекаат вести за нивниот лидер кој има проблем со коленото.

„Кевин го болат двете нозе. Утре ќе оди на снимање, не знаеме каква е неговата состојба. За нас е важен секој играч, бидејќи немаме време за одмор и опоравување бидејќи новото „вечно дерби“ е веќе во понеделник, но на меч од АБА лигата“, изјави Обрадовиќ.

ПретходноЊукасл носи замена за Тонали од Манчестер Ј.
СледноВајлдер го предизвика Џошуа да ја прифати борбата во Лас Вегас следната година