Рио Ферндинанд посочи двајца бекови кои Јунајтед би требало да ги донесе

896

 

Поранешниот централен бек на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд посочи двајца бекови кои би ја подобриле одбраната на „Црвените ѓаволи“.

Има едно момче од Ленс, многу добар фудбалер (зборува за Кевин Дансо). Исто така би го посочил и уругвајскиот бек од Барселона – Роланд Араухо. Не знам дали е достапен, но според мене е многу добар фудбалер од одбраната. Тој без проблем може да игра во Премиер лигата.

Отсекогаш сум велел дека за да успешен тим потребна е силна основа во одбраната и способност да регрутираш слични играчи. Ако ги погледнете тимовите што ја освојуваа титулата во последните години – Ливерпул и Манчестер Сити – тие имаа постојаност во својата одбранбена линија, особено во важните фази од сезоната. Можеби Јунајтед не можеше да си го дозволи ова“, изјави Фердинанд, цитиран од Манчестер Ивнинг Њуз.

ПретходноСлужбена победа за Панатинаикос, за Олимпијакос -1 бод и мечеви зад затворени врати
СледноГвардиола за претстојниот дуел со Јунајтед: Тие секогаш се опасни, без разлика кој им е тренер