Службена победа за Панатинаикос, за Олимпијакос -1 бод и мечеви зад затворени врати

221

Познат епилогот од прекинатиот фудбалски меч помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос кој се одигра минатата недела во рамките на грчката Супер лига. Бекот Хуанкар беше погоден со петарда додека се загреваше и по укажаната лекарска помош на теренот беше префрлен во болница.

Судијата го прекина мечот во 50 минута при резултат 1:1.

Панатинаикос го доби мечот на зелена маса со 3:0, а на Олимпијакос ќе му биде одземен бод поради нередите кои ги предизвикаа навивачите. Освен тоа овој тим два првенствени меча на домашен терен ќе игра зад затворени врати.

ПретходноКадетите со втор пораз на „Трофеј Карпати“ – сега од Романија
СледноРио Ферндинанд посочи двајца бекови кои Јунајтед би требало да ги донесе