Тиквеш убедлив против Аеродром

106

Тиквеш на домашен терен дојде до осмата победа во групата А, откако на домашен терен го совлада Аеродром со убедливи 43-31. Со овој триумф домаќинот остана на второто место на табелата зад лидерот Алкалоид, додека на другата страна има скор од четири победи и пет порази, засега е на средината на табелата.

Кавадарчани на дело ја оправдаа фаворитската улога, по првото полувреме водеше со двоцифрени 25-15. Кавадарчани отворија со 6-3, полека, но сигурно го „кршеа“ отпорот на противникот. Во вториот дел беше чиста рутина, во која гостите беа инфериорни со оглед на силите со кои располагаат.

Темелкоски беше стрелец на девет гола, Коцев постигна осум гола, еден помалку имаше Мајиќ. На другата страна Трифуноски имаше шест гола.

ПретходноГвардиола за претстојниот дуел со Јунајтед: Тие секогаш се опасни, без разлика кој им е тренер
СледноТен Хаг за престојното дерби со Сити: Ќе најдеме начин да победиме