Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај би можел во јануари да се пресели во дресот на Њукасл, пишува „Атлетик“.
„Страчките“ го обновија интересот за 26-годишниот Шкотланѓанец по суспензијата на Сандро Тонали. Италијанецот доби 10 месеци забрана за фудбал поради обложување.
Мектоминај е младинец на Манчестер Јунајтед, кој оваа сезона не уживаше преголема доверба кај Ерик Тен Хаг. Неговиот договор со клубот е до летото 2025.