Лука Модриќ оваа сезона во дресот на Реал Мадрид не го добива статусот како негогаш. Карло Анчелоти не му дава премногу шанси, но Микел Артета може индиректно да го спаси и да го отвори место на Хрватот.
Тој оваа зима во своите редови сака да го донесе Орелијан Чуамени во своите редови. Францускиот фудбалер е еден од играчите кои индиректно го „уништи“ Модриќ поточно го извади од стартната постава.
Уште летоска се зборуваше за неговото потенцијално заминување. Голем број на европски клубови покажуваат интерес, а се чини најмногу „загриза“ Арсенал.
Останува да видиме што ќе биде од сето тоа. Сепак малку е нереално, Реал Мадрид да пушти таков бисер, со оглед на тоа дека Французинот е влог за следните десет години.
Неговата цена е 90 милиони евра, но доколку „кралевите“ влезат во преговори за него ќе бараат многу повеќе.