Пелистер лесно со Мулти Есенс

97

Македонскиот првак, Пелистер ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај дебитантот Мулти Есенс совладувајќи го со убедливи 26-36 во меч од деветото коло во Супер-лигата.

Гостите брзо го наметнаа своето темпо, поведоа со 4-10, на другата страна дебитантот се обидуваше да се бори против фаворитот, но тешко одеше, особено зошто има млад состав. На одморот гостите имаа водство од четири гола 13-17.

Второто полувреме мина во сличен ритам, со тоа што ракометарите на Пелистер брзо поведоа со двоцифрена разлика 16-26 и до крај само ја одржуваа оваа позитива.

Петровиќ со девет гола беше прв стрелец, шест имаше Костески. На другата страна Узунчев запиша пет погодоци.

ПретходноЛас Палмас со триумф кај „фенерџијата“
СледноБолоња и Сасуоло ги поделија бодовите