Силекс – Брегалница 0:0 е епилогот од денешниот прв меч од 12.коло во ПМФЛ. Убав фудбал во Кратово, со по неколку шанси на двете страни, и Силекс и Брегалница можеа да дојдат до целиот плен, но немаа среќа во реализацијата, па така и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод.
Уште во 2.минута Силекс можеше да поведе по ударот на Шуберт, но Давков одлично одбрани. Во 17.минута Марко Ѓорѓиевски со убав шут со глава ја погоди пречката на гостите, Брегалница и Давков имаа многу среќа во оваа ситуација. Во финишот на првиот дел, прво Роналдо Вебстер шутираше а домашнот голман Андов фантастично одбрани. Минута подоцна, по изведениот корнер, Андерсон не успеа да реализира колосална шанса, нешто невидено. Па така на пауза се замина со тие непопуларни 0:0.
Во второто полувреме темпото се задржа на тоа високо ниво и од двете екипи, се инсистираше на напад и на гол. Марко Ѓорѓиевски одново во шанса беше во 54.минута, но и сега немаше среќа да му донесе водствона Силекс.
Следуваа минути во кои и двајцата стратези, Михаилов и Здравков направија неколку измени. Брегалница со многу куси додавања се обидуваше да дојде шанса, додека Силекс како да беше поконкретен во тие обиде, но сепак резултатот до 70.минута и натаму беше 0:0. Штета, можевме да видиме барем по еден гол на двете страни.
Сепак факт е дека како што се приближуваше крајот на мечот темпото паѓаше, беше далеку од она до 60.-65.минута.
Каланоски во 84.минута имаше можност да му донесе водство на Силекс, но не успеа да во тоа. И Брегалница во 90.минута имаше шанса, но Ангелески спаси и ја исфрли топката во корнер. И Роналдо Вебстер потоа се закани, но и сега немаше гол.
На крајот и Силекс и Брегалница дојдоа само до бод.
Сите останати мечеви од 12.коло се играат утре со почеток од 13 часот.