Со голот на Буонџорно, тимот на Торино вечерва успеа да слави на тешкото гостување кај Лече со минимални 0:1 и на тој начин да освои есктра три гостински бодови.
Иако домаќинот по негативата имаше свои моменти сепак, не успеа да ги искористи, па остана со празни раце.
Торино со овој триумф е тринаесетти со 12 бодови, додека Лече има солидна бодовна залиха сезонава па во моментов е десетти со бод повеќе.