Тотенхем со магичен старт во Премиер лигата – може ли до титулата како во 1961 година?

165

Победата над Кристал Палас во петокот со 2:1 одбележа и рекорд во редовите на „Спарси“. Тотенхем го бележи најдобриот старт во Премиер лигата во својата историја со нов менаџер, но исто така го има вториот најдобар старт по сезоната 1960/61 кога ја освоија титулата.

Може ли да се повтори таа сезона, останува да видиме. Има уште многу до крајот, Тотенхем претрпе многу промени летоска, а и конкуренцијата е јака, Сити му дише во врат, тука се уште Ливерпул, Њукасл, Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед… Голем предизвик е пред „Спарси“ и нивниот менаџер Анте Постецоглу.

Тотенхем е 13-тиот клуб во историјата на Премиер лигата кој освоил 26+ бода од првите 10 натпревари во сезоната. Од претходните 12, дури 11 завршувале во топ 3, а половина од нив ја освојувале титулата. Само Њукасл со таков импресивен настап на стартот во сезоната 1994/95 не успеал да заврши меѓу првите три – финишираа шести.

Тотенхем има подобар скор по првите 10 меча и од „Непобедливите“ од Арсенал од сезоната 2003/04. Тие освоија 24 бода по првите 10 натпревари, два помалку од сегашниот скор на Тотенхем.

Интересно, Тотенхем на мечот со Палас стигна до победата со еден шут во рамките на голот на противникот. Првиот гол беше автогол на Ворд, а вториот го постигна Мин.

Секој меч е предизвик. Најважни се дисциплината, концентрацијата и упорноста. Мислам дека и момците добро го одиграа крајот на натпреварот. Тимот делуваше навистина смирено. Немаше брзање, немаше паника и ова е добар знак“, изјави Постецоглу, кој е поранешен тренер на Селтик.

 

 

ПретходноМурињо во автобус ќе го гледа дербито меѓу Интер и Рома
СледноЛас Палмас со триумф кај „фенерџијата“