Ѓоковиќ задоцни во Париз, па јавно се извини

381

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ мораше да го промени планот за Париз каде ќе настапи на тамошниот Мастерс.

Тој веќе требаше да биде во главниот град на Франција, каде што требаше да учествува во телевизиско шоу во петокот, но беше „заглавен“ на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и поради доцнење на летот и не можеше да се појави.

„Добра вечер на сите. Сакав да направам кратко видео и да се извинам што нема да бидам со вас вечерва. Малку ми е срам што останав во Белград на аеродром, причината се проблеми со авиосообраќајот. Како е, така е. Жал ми е и се надевам дека ќе се видиме следната недела. Ви благодарам“, изјави Новак Ѓоковиќ.

ПретходноВМФЛ: Дербито се игра на “Биљанини Извори“, забревтаниот Охрид го дочекува Пелистер!
СледноКадетите со убедлив триумф над Црна Гора го завршија „Трофеј Карпати“