Белингам испиша златна страница од ЕЛ Класико (ВИДЕО)

581

На гостински терен, за волја на вистината на Монжуик, не на Ноу Камп, предмалку екипата на Реал Мадрид направи голем, огромен успех и го совлада лутиот ривал, тимот на Барселона со конечни 1:2 во уште фантастично издание на легендарниот дуел помеѓу овие два тима, популарно нареченото Ел Класико.

Она што требаше да биде спектакл од фудбалски аспект ги потврди очекувањата, и донесе врвен фудбал. Голови, шанси, темпо, пресврт и раѓање на нова звезда на европскиот фудбал кој си ја потврдува својата класа на најдобар можен начин и секако во вистински момент.

Џуд Белингам е двоен стрелец за тимот на Реал Мадрид на овој меч, и донесе голема, огромна победа на својот клуб. Што е уште поважно, тоа го стори откако Реал имаше негатива од првиот дел која на домаќинот му ја донесе Гундоган по одличниот продор.

Сепак, Гелингам најпрво со фантастичен удар од дистианца израмни на 1:1 во 68. минута, а кога сите очекуваа крај, добар центаршут од десно, асистенција на Модриќ и реализација на интернационалецот од Англија кој, дефинитивно се профилира како нова голема звезда на светскиот фудбал.

ПретходноАрсенал со „петарда“ против Шефилд (ВИДЕО)
СледноСинот на Налдо загина во сообраќајна несреќа