Брентфорд е „мајстор“ за Челзи – трет пат по ред го победи на „Стемфорд Бриџ“

102

Неверојатно! Трет пат по ред екипата на Брентфорд слави на „Стемфорд Бриџ“ во Премиер лигата. Денеска, во рамките на 10. коло на најсилната англиска лига „пчеличките“ славеа со 2:0. Водството го донесе Итан Пикок со голо во 58 минута по удар со глава на нафрлување на Мбемо. Во последните секунди Мбемо по една силна контра ја погоди празната мрежа на голманот кој беше истрчан напред за да му помогне на соиграчите.

Брентфорд трет пат по ред слави на „Стемфорд Бриџ“. Во април оваа година славеше со 2:0, а во април минатата година со 1:4.

Челзи е дури на 11. позиција на табелата со скор 3-3-4, а Брентфорд е над нив со бод повеќе по некомплетно одиграното 10 коло.

 

ПретходноВМФЛ: Пелистер покажа сила и го “скрши“ Охрид на негов терен, Беса сигурна, сензација во Прилеп…
СледноПо 350 дена, Мануел Ноер на голот на Баерн Минхен