ВМФЛ: Пелистер покажа сила и го “скрши“ Охрид на негов терен, Беса сигурна, сензација во Прилеп…

1738

 

Денеска се одиграа сите осум мечеви од 10.коло во ВМФЛ. Дербито во Охрид мина во знакот на гостите од Битола. Пелистер конечно покажа сила и со 1:3 славеше на “Биљанини Извори“, со што ја прекина супер серијата на Охрид. Нема што, Пелистер покажа кој е кој. Сега битолчани се втори на табелата.

Беса со 2:0 го победи Арсими и со тоа уште повеќе се зацврсти на табелата. Тетекс со 2:0 го победи Скопје, Зекири во 4.минута постигна фантастичен гол, ретко виден на нашите терени.

Сензација во Прилеп, Караорман успеа со 1:2 да слави кај Победа. Башкими одигра само 1:1 со Вардар (Н), додека Беласица и Детонит одиграа без голови…

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

Башкими – Вардар (Н) 1:1

Беласица – Детонит 0:0

Беса – Арсими 2:0

Новаци – Саса 1:0

Охрид – Пелистер 1:3

Осогово – Кожув 3:2

Победа – Караорман 1:2

Тетекс – Скопје 2:0

ТАБЕЛА

Беса 25, Пелистер 21, Детонит 20, Охрид 19…

ПретходноПМФЛ: Убав фудбал во Кратово, но само по бод за Силекс и Брегалница
СледноБрентфорд е „мајстор“ за Челзи – трет пат по ред го победи на „Стемфорд Бриџ“