Денеска од 13 часот во меч од 12.коло во ПМФЛ, Силекс на свој терен во Кратово ја дочекува Брегалница. Според пласманот на табелата и освоените бодови, Силекс веројатно е фаворит, а игра и дома, но сепак, кога кога се среќаваат Силекс и Брегалница тоа е дерби на истокот, и ништо однапред не се знае.
Во пресрет на денешното гостување, тренерот на штипските “сини“ Горан Здравков на вчерашниот прес истакна:
“Подготвени сме да одиграме добар натпревар. Атмосферата е позитивна. Гостуваме кај квалитетен тим, Силекс е цврста екипа, игра добро дома. Од друга страна Брегалница има намера да одигра добро како што реков, имаме добри шанси да земеме бодови, и зошто да не го победиме Силекс на негов терен“ рече покрај другото стратегот на Брегалница.
На последниот меч во Кратово гостите од Штип славеа со 1:2, а што се однесува до традицијата таа е на страната на Силекс. На досега изминатите 34 меѓусебни средби кратовци имаат 17 победи, Брегалница само седум, додека 10 средби завршиле без победник.
Како што веќе напоменавме, ова е прва средба од 12.коло, се игра денеска од 13 часот а судија ќе биде Ндерим Тефику од Куманово.