Го прашаа дали Модриќ ќе остане на клупа, Анчелоти порача: Немам причина да се објаснувам

229

Лука Модриќ има шанса на првиот овосезонски дуел против Барселона да го запише својот 500. настап во дресот на Реал Мадрид, но како стојат работите најверојатно нема да се случи тоа.

Искусниот Хрват против Брага минатата недела ги одигра сите 90 минути, но на „Ел Класико“ клупата му е судена.

Карло Анчелоти до сега во голем дел позитивно зборуваше за Модриќ, неговото значење во соблекувалната на „кралевите“, но се чини во меѓувреме го променил мислењето. Искусниот стратег беше запрашан дали Модриќ ќе се најде на клупата против Барселона. Одговорот беше зачудувачки, тој го понижи искусниот фудбалер.

„Сите се професионалци и никој не бара објаснување. Исто така и јас не објаснувам зошто не играат. Немам причина за тоа“, порача Анчелоти.

Италијанецот изгледа не се грижи многу за статусот на Модриќ, за него предност имаат младите и добри физички подготвени фудбалери.

Изминатите денови шпанските медиуми пишуваа за разговорите на раководството, Анчелоти и Хрватот, му било порачано дека нема да си оди во јануари, но ќе мора да ја прифати улогата на резерва. Неговиот договор со Реал истекува на лето, па како што стојат работите на романската која трае од 2012 година ќе и дојде крај.

ПретходноЗаниоло: Играв покер и блек џек!
СледноЈокиќ со асистенција ги шокираше Американците, „лудачка“ тројка на Дончиќ (ВИДЕО)