Попладне од 16:15 часот “Ел Класико“ ќе биде во центарот на вниманието во светот. Блискиот исток и Украина ќе бидат во втор план, светот ќе може да ужива во дуелот на најголемите клубови во фудбалот. Барса и Реал, гордоста на Каталонија против “кралевите“ од Мадрид. Нема поголем дуел во фудбалскиот свет, ова е нешто најголемо.
Ова ќе биде нивни 255.официјален дуел, досега Реал е нешто подобар со 102 победи, Барса има 100 а 52 средби завршиле без победник. Нема да се игра на “Камп Ноу“, туку на “Монжук“ во Барселона, и нема да има 90.000 гледачи туку само 50.000 среќници и секако милијарди покрај ТВ екраните.
Овој дуел е нешто посебно, се среќаваа гордоста на Каталонија против кралскиот клуб од Мадрид, синонимот на Шпанија.
Ова е дерби кое значи многу повеќе од една обична фудбалска средба или победа. Цел век фудбалските фанови се “окупирани“ од мислат кој е кој, кој е подобар, кој е најдобар.
Барса е шампион, Барса со Чави Ернандез сака победа во ова дерби. Реал со Карло Анчелоти исто така сака победа, трите бода се екстремно важно кога играат овие две екипи. И не само поради себе, поради Барса и Реал, туку и поради традицијата.
Да се победи Реал или да се победи Барса, па има ли нешто поголемо за сите оние кои навиваат за овие две екипи. Да, денеска светот ќе биде поделен на Барса и Реал.
Спектакл, дуел за фудбалските фанови, но и дуел на кој екипите нема да бидат комплетни.
Кај Барса нема да играат Кунде,Педри и Роберто, додека Левандовски е под знак прашалник. Кај Реал сигурно нема да бидат во составот Куртоа и Едер Милитао, како и Ѓулер и Себаљос, но сепак и тоа како ќе гледаме меч преполн со мега – ѕвезди.
Интересно, на последните 14 меча меѓу Барса и Реал само еден завршил реми. Интересно, Барса денеска ќе го игра ова 255.“Ел Класико“ со дресови на кои ќе го има логото на “Ролинг Стоунси“ и кој чини 500 евра.
Интересно, ако Модриќ одигра барем секунда, тоа ќе негов 500 меч за Реал и ќе биде најстариот играч на “кралевите“ во историјата кој играл против Барса.
Во слава на фудбалот, во слава на “Ел Класико“, ова е меч кој не се пропушта.