Ете, и тоа се случи. Вечерва во меч од 10.коло во Серија А, меѓу Јувентус и Верона, кој заврши 1:0, на најтрофејниот клуб во Италија ВАР му поништи два гола, и двата беа дело на Кеан. Прво во 13.минута поради офсајд, а потоа во 53.минута поради наводно претходно имало прекршок.
Секако дека ова е шок за фановите на Јуве, но пред се за самите фудбалери на клубот од Торино.
Познато е дека во минатото, кога немаше ВАР обично ваквите ситуации се судеа во корист на Јуве, барем така мислат фановите на останатите клубови во Италија, но еве, времињата се променија.
Што се однесува до самиот меч вистинско лудило во Торино, и јасно е дека тимот на Алегри може сепак задоволен зошто со голот на Камбијасо во 90+7.минута успеа да победи со 1:0. Со оваа победа Јуве сега е лидер на табелата.
GoaL! | Juventus 1-0 Hellas Verona | ⚽️ Andrea Cambiaso converts his effortpic.twitter.com/IDnuDzZHrr
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 28, 2023